Во КСП Центар – Јадро, на 5-ти април, недела, со почеток од 12 часот, ќе се одржи промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети, со илустрации на Марија Трајаноска.
„Каде оди реката?“ е лирска екоприказна за пријателството, одговорноста и надежта.
Сликовницата е издадена во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Скопје.
Содржините во изданието се инспирирани од нивната работа во областа на заштитата на реките и се темелат на резултатите од истражувањата за притисоците врз реките и речните екосистеми.