Промоција на Романот на годината за 2024 „Светот што го избрав„ од Калина Малеска

Романот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот.

На 15 април, во 19:00  часот во бар книжарницата „Пионерски“ во Битола ќе се одржи промоцијата на Романот на годината за 2024 година „Светот што го избрав“ на македонската писателка Калина Малеска.

Романот ја раскажува приказната за трансформацијата на Леона, чие чувство за себе и сопствениот идентитет се менува низ контактот со луѓето и просторите: подрумот во кој се вселува, состанарите и околниот двор, членовите на одборот за наставни програми, канцеларијата за состаноци, барот.

Наградата Роман на годината по дваесет и шести пат ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. На промоцијата ќе говорат писателката Калина Малеска, претставниците од Фондацијата Ѕвездан Георгиевски и Катерина Богоева, како и главниот уредник на издавачката куќа „Или-Или“, Ненаде Стевовиќ. а модератор на промоцијата ќе биде Сашо Огненовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни