Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја промовира својата нова монографија „75 години Танец“, која ја документира 75-годишната историја на ансамблот. Монографијата содржи архивска граѓа, фотографии и сведоштва кои ја прикажуваат улогата на ансамблот како еден од најзначајните презентери на македонското фолклорно творештво.
Промоцијата ќе се одржи во среда, 20 ноември 2025 година, во 18:00 часот, во новата Мултимедијална читалница на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Ансамбл „Танец“, основан во 1945 година, низ децении ја негувал и промовирал македонската народна традиција, а монографијата претставува резултат на темелно архивирање и истражување на неговото долгогодишно дејствување.
Изданието се очекува да послужи како значаен извор за изучување на македонското фолклорно наследство и културната мисија на ансамблот.
