Во среда на 15 октомври воКотур ќе се одржи музичка промоција на книгата „Маги – Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ на издавачката куќа „Полица“.
Настанот во живо ќе ја донесе магијата на легендарните ЕКВ и нивната музика, која ги одбележа 90-тите години од минатиот век, и ќе ѝ одде почит на Маргита Стефановиќ – Маги, жената што остави длабок печат врз југословенската рок-сцена.
Книгата „Маги – Како да беше некогаш“ е интимно и искрено сведоштво за животот, љубовта, музиката и светлината што ги ширеше Маги, како и за болката што ја криеше зад клавијатурите. Преку сеќавања на блиските луѓе на Маги и на оние со кои работела, авторот нè води низ спомени, интервјуа и нераскажани приказни за жената што беше симбол на креативност, храброст и трагичност.
На промоцијата ќе биде прикажана 10-минутна проекција од документарниот филм „Како да беше некогаш“ од Душан Весиќ.
Промотори ќе бидат нашиот врвен музички и рок-новинар Тошо Филиповски и Наташа Мечкароска-Симјаноска, уредничка на книгата.
За да биде магијата целосна, тука ќе биде и бендот „ЕКВ акустик трибјут“.