На 4-ти април (сабота), од 19:30 часот, во КСП Центар- Јадро, ќе се одржи промоција на книгата и видео есејот „Наследство (или сè што оставаме позади нас)“ од Ивана Сиџимовска.
Видео есејот размислува за токсичноста на етнонационалистичките системи и потребата од неидентитетски практики. Претставува проект што отвора простор за размислување за тоа што се оставаме зад себе, и како и дали се презема одговорност за тоа наследство денес.
Темите за експропријација (материјално наследство и културна меморија), реституција (државјанство и ограбена земја), правда и помирување (Холокаустот и југословенските војни), како и граничните идентитети (постмигрантски и меѓуетнички) се појавуваат и се испреплетуваат во личните приказни на историски личности, современици и самата уметница
Книгата претставува збир на серија интервјуа што ги документираат личните искуства, сеќавања и размислувања на луѓе од различни етнички и социјални средини во Северна Македонија. Интервјуата се дел од проект за усна историја, и имаат цел да ги зачуваат живите приказни на поединци чијшто глас често останува незабележан.
Настанот е организиран во заедничка соработа на ПроПис, Скопје и Контрапункт.