Седмото издание на Мултимедијалниот фестивал „Артерија“ (ArtArea) ќе започне вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ со промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. Книгата е издание на „Или-Или“ од Скопје, а за книгата ќе зборуваат Ана Мартиноска и Максим Ристески.
Од 20 часот ќе следува промоција на книгата „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ, издание на „Антолог“. Делото е објавено годинава, а ќе го промовираат Јордан Коцевски и Душко Крстевски.
Од 21.30 часот ќе следи музичка програма со Марсо, под насловот „Скопје радост ти ќе бидеш“.
Во рамките на фестивалот што ќе трае до 17 септември, во Младинскиот културен центар ќе биде поставена и изложба на поштенски разгледници, слајдови, а во „Буква“ ќе биде отворена изложбата на фотографии Pars-mea од Андријана Антова.
Ви ја споделуваме целосната програма на фестивалот:
16.09.2023 (МКЦ)
19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)
20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска (Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски)
21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ (Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон)
17.09.203 (Буква)
19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов (Бегемот, 2023)
20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски)
21:30 Поетска епизода#7 I Поетите за Скопје (организатор Култура Бета)