Промоцијата на романот „Деца“ од Милена Марковиќ во МКЦ

Книгата преку разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска

Промоцијата на романот „Деца“ од Милена Марковиќ, добитник на 68. Нинова награда за роман на годината во Србија, ќе се одржи в среда, 4 септември, со почеток од 20:00 часот во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

Книгата преку разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска.

Преводот од српски на македонски е на Сашо Огненовски, а изданието беше поддржано од Министерството за култура на Република Србија.

„Не можам да замислам читател кој по ова дело би можел да излезе непроменет – читањето на оваа книга за секој читател ќе биде егзистенцијално искуство, луѓето ќе паметат кога и каде ја читале оваа книга“ ќе напише Теофил Панчиќ за книгата.

„Деца е поема за осуетеното, вечно недовршено растење, моќна, во нашите јазици неспоредлива, најголема книга за женскоста, за мајчинството, ќеркинството и синовството… опасен роман за историјата, за онаа за нас најважна и трауматична, која потекнува од Втората светска војна, продолжува низ осумдесеттите, па деценијата на нашето растење, и нѐ прегазува во текот на деведесеттите“ ‒ вели Миљенко Јерговиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни