Промоцијата на публикација „ДОКОЛКУ ПОСТОИ ПРИКАЗНАТА: Обид за децентрализација на знаењето“ во Центар Јадро

Промоцијата на публикација „ДОКОЛКУ ПОСТОИ ПРИКАЗНАТА: Обид за децентрализација на знаењето“ од курарторката и уредничката на изданието Дијана Маринку и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе се одржи на 6 ноември во 19:00 часот во Центар Јадро во присуство на авторите и гостинката Ана Кун (р. 1981), визуелен уметник од Темишвар. 

Книгата е издадена од Фондацијата Art Encounters од Темишвар, Романија во партнерство со Проектниот простор Прес ту Егзит, Скопје.  

Публикација е производ на соработката помеѓу уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска и уредничката Дијана Маринчу и нуди свеж пристап кон современата уметност, перцепирајќи ја истата како флуидна, отворена форма на знаење.

Таа произлезе од изложбата на Чаловски и Иваноска која се случи во 2022 година во Фондацијата Art Encounters под истиот наслов. Книгата ја истражува теоријата на отворена форма, презентирајќи привлечна, нехиерархиска перспектива на уметноста.  „Делата на Јане и Христина се како „прирачник за употреба“ за тоа што се уметноста може да стане: алатка за знаење со огромен потенцијал за секого.

„Нивната уметност aфектира и предизвикува понудувајќи перспектива што продира дури и во најневидливите области на историјата и сегашноста“, изјави Дијана Маринку.  

„Оваа публикација, ние како уметници, ја разбираме како крунисување на соработката која ни беше значајна на многу начини. А највредниот аспект во процесот беше менторирањето на неверојатно талентираната и дарежлива група на млади уметници од Темишвар. Исто така, сакаме да и се заблагодариме на Дијана Маринчу за нејзината визија, кураторски концепт и уредување на публикацијата. Се надеваме дека ќе поттикнеме континуиран дијалог и соработка во иднина“, изјавија Јане Чаловски и Христина Иваноска.  

Ко-уредена од уметниците и кураторката, книгата вклучува и текстови од теоретичарот Андерс Кројгер и историчарката на уметност Марија Оросан-Телеа, придружени од новите гласови на уметниците од менторската програмата: Лоредана Илие, Андреја Јониță, Ана Кун, Богдан Матеи, Тео Пападопол, Гаврил. Поп, Јоана Терхеш и Михаи Тот.

Структурата на книгата ги спојува уметноста и образованието, истакнувајќи ја сложената врска помеѓу уметничкото творештво и педагошката иновација.  

Специјална гостинка на промоцијата е Ана Кун, млада уметница од Темишвар која беше дел од менторската програма која ја водеа Иваноска и Чаловски. Кун работи со текст и слика, на социјални, политички и еколошки прашања, а има дипломирано графика на Факултетот за уметност и дизајн и магистер по креативно пишување на англискиот оддел за писма, историја и теолошки факултет, и двата на Западниот универзитет во Темишвар.

Ана Кун е активна на независната издавачка сцена и има произведено околу дваесет зина и книги на политички и културни теми.  

Промоцијата на книгата е реализирана од Фондацијата Art Encounters и кофинансирана од Проектниот центар на општина Темишвар. Проектот е дел од националната културна програма Темишвар – Европска престолнина на културата 2023 година, финансирана преку програмата Наследство Темишвар 2023 и имплементирана од Проектниот центар на општина Темишвар со поддршка од Министерството за култура на Романија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни