Скопски поетски фестивал

Промоцијата на новата стихозбирка на Исток Ј. Улчар – Бела, „Раст е ние“

„Она што е поважно за Улчар и неговата поетика е дека не следи правила, а е строга и логична, концизна, верна на сопствените убедувања. Сонети што се кршат, рими во брз и во бавен ритам, слоговна дестилација, брзозборки слеани во стих, многу архаизам прекроен со модернизам. хумор и иронија, инвокативен тон… ce само некои од квалитетите на овој ракопис.“ – Ана Голејшка Џикова

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ од 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на новата стихозбирка на Исток Ј. Улчар – Бела, „Раст е ние“, во издание на „Илика“. Промоцијата ќе се одржи во склоп на петтото издание на Скопскиот поетски фестивал.

Ова е шестата книга песни со претходно необјавен материјал од Исток J. Улчар, за првпат објавувајќи под своето уметничко двородово име Бела. Книгата се состои од 5 циклуса со разновидна структура и должина (петтиот циклус е практично диптих), секој со дијаметрално различен сооднос меѓу значенска јасност и јазична игра, мегу вербална експлицитност и стилски експеримент. Во таа смисла, неговата досега најуспешна песнарка може да се спореди со парабола, чија почетна и крајна точка се најотворено разбирливи, додека оската на симетрија е најотворена за интерпретација.

„Она што е поважно за Улчар и неговата поетика е дека не следи правила, а е строга и логична, концизна, верна на сопствените убедувања. Сонети што се кршат, рими во брз и во бавен ритам, слоговна дестилација, брзозборки слеани во стих, многу архаизам прекроен со модернизам. хумор и иронија, инвокативен тон… ce само некои од квалитетите на овој ракопис.“ – Ана Голејшка Џикова

Исток Ј. Улчар е германистфилолог. Автор е на досега 6 објавени книги песни (Сенки низ циркускиот шатор, 2014 – Антолог; Интензивен курс по агонија, 2016 – Темплум; Стихотворбите на Хрвоје, 2018 –ПНВ публикации; Порој од пепел, 2020 – Полица; Молох 2,2021 – Македонија презент) и на еден словенечко-македонски поетски избор („Lidija na obali/Лидија на брегот“, 2020 – независно издание). Настапувал на повеќе поетски читања и фестивали во земјата (Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово и др.) и странство („Вече отворених микрофона“ и фестивалот „Допир на Македонија“ во Белград). Добитник е на првата награда на фестивалот „Бдеење на кокински мугри“ за песната „Вежба“, подоцна објавена во „Молох 2“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни