Промоцијата на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ ќе се одржи на 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар.
Книгите претставуваат плод на повеќегодишната активна соработка помеѓу студентите и наставниот и соработнички кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Издавањето на книгите е поддржано од Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам на РСМ.
Објавувањето на книгата „Историја на човештвото“ од Џани Родари е резултат од проектот Illustrare e Tradurre testi italiani – IТaliano на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје реализиран во текот на 2020 и 2021 година. Проектот, кој беше финансиран од Здружението Данте Алигиери во Рим, опфати неколку преведувачки и уметнички работилници во чии рамки беше преведена и илустрирана оваа мошне интересна книга. Во преведувачката работилница учествува 9 студенти од Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: Наде Пешевска, Христина Корошовска, Сара Златановска, Сара Деспотовска, Насе Епов, Софи Лазовска, Стефанија Цонева, Виолета Јанева и Ива Анастасова.
Во уметничката работилница, пак, учествуваа 15 студенти од Факултетот за ликовни уметности (модул графички дизајн): Александар Гацев, Анастасија Пауноска, Ева Симевска, Ирина Бојковска, Иван Коминовски, Ивона Младеновска, Марија Ќорнакова, Марија Светозаревиќ, Михаил Паскоски, Милена Петковска, Силвана Карабеговиќ, Софија Шахпаска, Стефан Златев, Симона Данаилова и Антоанета Малиновиќ. Во менторирањето на студентските активности и приредувањето на текстот учествуваше и доц. д-р Љиљана Узуновиќ. Овој превод ќе нè потсетува на радоста со која колешката Узуновиќ преведуваше и ги учеше студентите да преведуваат.“