Книжевен фестивал „Друга приказна #9“

Промоцијата на книгата „Каде припаѓам?“

Вечерва во 21.00 часот во Центар Јадро во склоп на книжевниот фестивал „Друга приказна #9“, ќе започне промоцијата на книгата „Каде припаѓам?“ која е произлезена од конкурсот за стрип на Хера и Темплум.

На конкурсот за млади, за стрип, организиран од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, и издавачката куќа ТЕМПЛУМ, стигнаа дванаесет стрипови. Темата на конкурсот беше „КАДЕ ПРИПАЃАМ?“, а жирито во состав Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска и Милош Стојановиќ, одлучи дека главните три награди ги заслужуваат следниве три стрипа: Магија од Луција Давиткова, Нешто што фали од Гаја Смилевска и Празното платно од Сара Ангеловска.

Стрипот Магија ја освои првата награда, а Нешто што фали и Празното платно го делат второто место.

Магија / Луција Давидкова

Жирито реши да издвои уште три стрипа кои беа во најтесна конкуренција за наградите: Знак од Михаил Стоиловски, 3 Faces од Иван Коминовски и Арсон од Фјола Шахини.

Празното платно/ Сара Ангеловска.

Ова се насловите и автор(к)ите другите стрипови пристигнати на конкурсот: Go Away, Goblin! од Петар Шулевски, Карактерен квиз од Ева Дејановска, Ехото на сопствените мисли од Марио Кекеновски, Каде припаѓам од Матеа Аризановска, Љубов е сè што ни треба од Сања Георгиева, Имате идеја за други игри? од Филип Томевски и Слободан Тимчевски.

Нешто што фали/ Гаја Смилевска

Сите 12 стрипа се објавени во публикација што ќе биде промовирана на вечерва.

Фестивалот завршува со доделување на наградите на Луција Давиткова, Гаја Смилевска и Сара Ангеловска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни