Промоцијата на „Еуфорија“ – романот за Силвија Плат, од шведската авторка Елин Кулхед, ќе се одржи на 23. јануари во Europe House – Скопје. Настанот ќе го модерира професорката и преведувачка Калина Малеска.
Освен што ќе можете да слушнете извадоци од романот, тој ќе биде разгледан од повеќе аспекти: ќе дознаете какво е видувањето на Е. Кулхед за пишувањето фикционална биографија и како е да се позајмува гласот на друга авторка.„Еуфорија“ е прониклив и драматичен приказ на последната година од животот на поетесата Силвија Плат пред нејзиното самоубиство во 1963 година. Надминувајќи ги амбициите да биде историски роман со биографска подлога, ова е книга за една разорна љубов, за мајчинството, за неверството, за справувањето со сопствените демони и за еуфоричната мистичност на креативниот чин во кој се раѓа поезијата.
Елин Кулхед е шведска писателка и новинарка. Родена е во Упсала во 1983 година. На книжевната сцена дебитирала со неколку книги за деца, а нејзиниот прв роман за возрасни е „Еуфорија“, објавен во 2021 година и награден со највисокото шведско книжевно признание, наградата „Август“.
Посетителите ќе имаат можност и во понеформална атмосфера да ја запознаат авторката и да поразговараат со неа за сите прашања кои ни ги отворил романот на 24.1. (петок) во 18:00 ч. во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Разговорот ќе се одвива на англиски јазик.
Преводот на романот е на Катерина Јосифоска.Дизајнот на постерот е на Ема Велковска и Марија Смилевска.Портрет на Елин Кулхед.