Промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“ во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“, кое ги опфаќа деловите „Поезија“, „Проза и публицистика“ и „Животопис на Рацин“.

На промоцијата со поздравна реч по повод изданието ќе обрати академик Живко Попов, а уводна реч ќе има академик Катица Ќулафкова, главен редактор на изданието.

Промотори на тритомното издание на МАНУ „Кочо Рацин“ на настанот се проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на првиот том, проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, приредувачка на вториот том и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, притредувач на третиот дел од ова издание.

Промоцијата ќе биде збогатена со настапот на проф. д-р Драган Даутовски на кавал и со нанстапот на студентките на Факултетот за драмски уметности Лора Штаго и Ангела Пејковска кои ќе читаа стихови од поезијата на Кочо Рацин. Промоцијата ќе се одржи во 13.00 часот во амфитеатарот на МАНУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни