Промоција на „Театар од сенки“ од Емељ Туна во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје утревечер во 19 часот ќе се одржи мултимедијална промоција за збирката „Театар од сенки“ од Емељ Туна. Преформанс ќе има трупата „Наш мал театар“, промотивна реч ќе има Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира Биљана Стојановска.

Збирката „Театар на сенки“ од Емељ Туна, издание на „Восток“ од Битола, содржи 41 песна, поделени во две посебни, но поврзани целини: „Театар“ и „Сенки“.

Емељ Туна (1977, Скопје) е голем вљубеник во пишаниот збор. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во родниот град, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет во Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски манифестации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни