Промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од Биљана Стојановска, со илустрации на Владимир Лукаш.

„Потрага по храброст“ е сликовница која зборува за потрагата по храброст и самодоверба, наменета за најмалите читатели. Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст.

Денес во 12:30 часот, во КСП Центар – Јадро на улица Алберт Ајнштајн 2, во Скопје, ќе се одржи промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од Биљана Стојановска, со илустрации на Владимир Лукаш.
Промотор е Билјана Црвенковска
Извадоци ќе читаат младите читатели: Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6)
Музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш + придружен вокал Биљана Стојановска.
Издавачка куќа е „Чудна шума“

„Потрага по храброст“ е сликовница која зборува за потрагата по храброст и самодоверба, наменета за најмалите читатели. Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Tретата поетска книга ,,Додека спиеш” е објавена во 2024 година во издание на ,,Чудна шума”.
Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

Владимир Лукаш е магаре со пунџа кое црта сликовници пред и после пасење сено. Тој сака секакво сено, но најмногу сака да пасе на поле полно со детелинки, по можност, со 5 листа. Исто така, Лукаш сака да јаде и боички, но се воздржува од тоа зашто ако ги изеде боичките, ќе нема со што да црта. Живее и работи на Јупитер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни