Промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од Денис Јанкуловски – Космонаутко

На инклузивната промоција ќе настапат – Мијата, Космонаутко и славејчињата, Беира Беки Салифоска и Леон Мемиш Апостоловски

Во сабота (31 мај) од 17 часот во Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода ќе се случи промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска.

На инклузивната промоција ќе настапат – Мијата, Космонаутко и славејчињата, Беира Беки Салифоска и Леон Мемиш Апостоловски, а авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска на кратко ќе ја претстават сликовницата.

Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Како своевидно продолжение на сликовницата „Другарко“, во оваа главен лик е Другарка, на која ѝ се придружуваат Другарко и двете мачиња, Рони и Бони. Кога сите заедно ќе се здружат, тие патуваат во нови светови полни со љубов, разбирање и другарство. А како патуваат? Пааа – со фантазмобилот! Ве покануваме на патување заедно со Другарка и нејзините другари но и да научите нови зборови од прекрасниот јазик на Другарка, велат од издавачот Прозарт медиа.

„Другарка, Другарко и две маченца“ е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Зегин, Шпаркасе Банка, Министерството за култура, Сити Флауерс и Дата Понс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни