Во петок на 24 април во 18 часот, ќе биде промовирана првата книга на авторката Маја Симоновска – „Сенката што ме чува“ во топлата атмосфера на Метаноја Литературно Кафе – Центар.
„Сенката што ме чува“ е крими-романса која маѓепсува уште од првата страница! Маја успева мајсторски да ги спои напнатоста и хуморот, љубовта и мистеријата, создавајќи приказна што ќе ве држи будни до доцна во ноќта – и со насмевка и со трепет. Подгответе се за љубов што се раѓа среде опасност. Хероини со став, и мажи кои знаат да сакаат… на свој начин“ се вели во рецензијата.
Книгата ќе биде достапна за продажба од 25.04.2025, онлајн на 𝐜𝐢𝐭𝐚𝐣𝐤𝐧𝐢𝐠𝐚.𝐦𝐤
See less