Промоција на последниот книжевен препев на Драги Михајловски – „Големата црвена книга“ на Руми

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „ТРИ“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.

Перскискиот автор Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе македонски преведувачи и поети.

Модераторка на настанот е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни