Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на издавачката куќа „Фуснота“. Книгата ќе биде промовирана во понеделник (16 јуни) во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот.
Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска. Главен уредник е Маја Којчева Величкова.
Лектурата е на Елизабета Коневска.
Дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а извадоци од поетската книга ќе чита Светла Јакшиќ.
Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.