Search

Промоција на новата модуларна колекција на Номад Студио

Во сабота на 6 јули во 18:00 часот во склоп на Лаб Дизајн Маркет ќе се одржи промоција на новата модуларна колекција на Номад Студио.

„ТОТЕМ e разиграна сензорна скулптура е инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност. Внимателно рачно изработена, TOTEM скулптурата содржи 3 основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, TOTEM светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом“ се вели во описот на колекцијата. 

Најново

Последни колумни