Овој четврток со почеток во 19:00 часот, во просториите на Europe House Veles, е најавена промоција и средба со авторот Анде Д. Јанков, за неговата нова книга од серијата криминалистички романи насловена како „Кобајаши Мару“.
Станува збор за петти роман на авторот, а четврти по ред од серијалот за инспекторот Виктор Николов кој започна со романот „Виенски гамбит“, продолжи со „Сигурен ризик“ и „Само Бог простува“.
Романот е објавен од АНТОЛОГ – Книжевен центар, а промотор на настанот ќе биде Danica Disrupt.