Промоција на „Неискористен студентски потенцијал“ на МОФ

 Во вторник на 25 јуни во Public Room во 12:00 часот Младински образовен форум (МОФ) најавува промоција на клучните наоди и препораки на истражувањето „Неискористен студентски потенцијал“ – истражување за стапката на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитетите кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа“ на кое МОФ работеше изминатите неколку месеци.

Истражувањето се осврнува на имплементацијата на студиската програма за стипендирање на студии на универзитети кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа и последователниот пат на стипендистите кои ги завршиле своите студии со помош на оваа стипендија. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции, а во насока на подобрување на нејзината имплементација и подобро користење на човечкиот капитал кој се создава преку оваа стипендиска програма.

Авторки на истражувањето се Сања Божовиќ Стојкоска, Јоана Тренеска и Луција Чукеловска.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Генерална организациска поддршка на Младински образовен форум“ овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Најново

Последни колумни