47 ми Денови на македонска музика

Промоција на монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат“.

Во рамките на 47. Денови на македонска музика на 10 април, во 19.30 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи промоција на монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат“. Монографијата ќе ја промовира проф д-р Александар Трајковски. На промоцијата ќе бидат изведени и дела од камерниот и хорски опус на композиторот Стојан Стојков. 

Творештвото на Стојан Стојков опфаќа широк жанровски круг во рамките на класичната музика: од помалите форми, до поголемите, оркестарски, вокално-инструментални и сценски дела.Врзаноста за традицијата на сопствената земја Стојков го манифестира и со низа творби што произлегуваат од нашата духовна традиција („Огледала“, „Тропар на Св. Климент“, „Достојно ест“ и, особено – „Псалми“. Исто така – и со употреба на инструментариум во кој посебно место заземаат некои од народните инструменти (кавал, тамбура, ут, канон, тапан итн.), кои највпечатливо се присутни во балетот „Ташула – охридска робинка“, во кои се пренесени елементи и од нашата играорна фолклорна традиција. Делата на Стојан Стојков повеќе децении се присутни на сцените во земјава и во над триесетина светски земји, како и на најзначајните фестивали во Македонија, на Балканот и во некои европски земји. Некои од нив се печатени на носачи на звук (грамофонски плочи, аудиокасети, ЦД и ДВД).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни