Промоција на Монографијата „80 години Народен театар Битола“ 

Оваа сабота на пладне во Битолскиот театар ќе биде промовирана Монографијата „80 години Народен театар Битола“, на авторот д-р Иван Додовски.

Монографијата содржи кратка историја за растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024, како и прилози за сите одиграни премиери и за лицата што биле вработени или повремено ангажирани во работата на НТБ во овој период. Па така опфатени се темите за првиот репертоарски пробив, пресвртот со „Свадбата на Мара“, новите режисери и актери, постјугословенскиот контекст, гостувањето во Глоуб театарот, наградите, гостувањата низ светот и многу повеќе. Историјата на Народниот театар во Битола е сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија. Издавањето на монографијата е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија. 

Монографијата, испишана на 310 страници, испечатена од Графопром Битола ќе биде промовирана од д-р Мишел Павловски и д-р Даниела Андоновска Трајковска.

Рецензенти се проф. д-р Сузана Киранџиска и проф.д-р Мишел Павловски. Уредници на Монографијата се Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лекторирана е од Жаклина Атанасова, а монографијата ја припреми стручниот тим: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ, Владимир Переловски. Дизајнот е на Сергеј Светозарев. Фотографиите од архивот на НТБ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни