Во вторникот во кафе „Буква“ се одржа промоција на книгата „Му“ од Перица Георгиев.
Перица Георгиев – Пепси е роден 1957 година во Скопје. Во 1987 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во родниот град. Еден е од креаторите на групата „Зеро“, која беше активна во осумдесетите години на минатиот век и остави светла трага во македонското уметничко творештво. Своите дела ги презентирал во Бугарија, Германија, Холандија, САД, Македонија и на територијата на поранешна Југославија. Во 1990 година бил примен како ученик на Шри Чинмој. Следеа 11 години стажирање.
Во моментов Перица Георгиев живее и работи во Бугарија.