Промоција на книгата „Градот каде што започна војната“ и дискусија: „Војната против Украина: Женски перспективи“

„Источно-Украинскиот центар за граѓански иницијативи“, „Мировна акција“ и германската организација „KURVE Wustrow“ ве покануваат на промоција на книгата „Градот каде што започна војната“ и јавна дискусија на тема „Војната против Украина: Женски перспективи“, што ќе се одржи на 16 септември (вторник), од 17:00 до 19:00 часот, во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје.

Книгата „Градот каде што започна војната“ ги документира сведоштвата на жителите на Словјанск – град во регионот Донецк, Украина, кој во 2014 година прв беше окупиран од руските сили. Делото ги истражува различните аспекти на животот под окупација и ги поставува основите за разбирање на моделот на руската инвазија, кој подоцна се повторува и во другите делови на Украина, особено по целосната инвазија во 2022 година.

На настанот ќе говорат три украински жени кои лично ги искусиле последиците од војната:

  • Галина Тишченко – претставничка на мрежата SEMA Украина и преживеана од руската окупација во 2014 и 2022 година;
  • Капиталина Пасикова – младинска активистка која како малолетна ја преживеала окупацијата на Словјанск;
  • Марина Супрун – која на само 16 години преживеала заробеништво во своето село Јахидне за време на руската окупација во 2022 година.

Во рамки на дискусијата ќе се разгледуваат прашања како:

  • Како се разликува руската агресија во 2014 од денешната?
  • На кој начин Русија се подготвува за окупација?
  • Какви се последиците врз жените и локалните заедници?
  • Како може општеството да се излекува од траумите од војната?

Настанот ќе се одржи на украински јазик, а ќе биде обезбеден симултан превод на македонски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни