Вчера вечер во кафе-книжарницата „Буква“ беше промовирана книгата „Филмска објектологија“ од Васил Михаил во издание на „Современост“.
Авторот преку практични и теоретски инструменти аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува филмска објектологија. Сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теорија за објектот во филмски кадар. Сценариото во изминатите години доби награди и признанија на филмски фестивали низ светот. Не пропуштајте ја можноста да присуствувате на првата официјална промоција на оваа иновативна тема во филмската теорија и пракса.
Промотори на книгата и провокатори на авторот и публиката беа: проф. д-р Мимоза Рајл – театарски критичар и професор по естетика и доц. м-р Саша Станишиќ – филмски режисер и писател.
Промоцијата на книгата беше дополнета со мала изложба на филмски објекти од приватниот фонд на реквизити на Андреј Бартлинг – главен сценски реквизитер.
За релаксирачки крај на метафизичкото патување со филмската објектологија со класичен гудачки репертоар се погрижија младите матурирани музичари од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје: Јована Анѓеловска на виолина, Марко Јованоски на виолончело, Александар Ицковски –на виолончело и Саве Самаракова на контрабас.