Промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов

Во салон Империјал 2 во Културно информативниот центар (КИЦ) денеска ќе се одржи промоција на книгата „Анатомија на небото“ од писателот Борче Панов. Промотор на книгата ќе биде Даниела Андоновска Трајковска.

„Анатомија на небото” од писателот Борче Панов е седумнаесетта по ред поетска книга. Поетската книга „Анатомија на небото” содржи рефлексивна поезија за човекот и божествената креација. Во таа взаемна хуманистичко-деистичка врска се остваруваат сите реализации на индивидуализираното Јас, кое е врзано како со папочна врвка со колективната свест, а неа колку што ја наследуваме толку и самите несвесно си ја спечалуваме во текот на нашите животи.

Борче Панов е роден во Радовиш. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), како и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведувана на англиски, германски, кинески, арапски, виетнамски и други. Застапен е во над 50 антологии и избори на поезија во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни