Радост, игри и дружба со сите деца, без оглед на нивните разлики. Ова ве очекува в сабота доколку појдете на промоцијата на највеселата и најдругарската песна „Гуш и Бац“, која, како што велат изведувачите е вистинска химна за пријателството, љубовта и за инклузијата. Денот ќе биде посветен и на споделување насмевки и прегратки.
Песната и видеото за неа се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузија на лицата со атипичен развој.
Промоцијата ќе се одржи на 7-ми декември (сабота) во Кинотека на Македонија, со почеток од 16:00 часот.
Изведувачи на песната се Наташа Крстевка – Мијата, Денис Јанкуловски – Космонаутко и сите златни славејчиња.