Денес во 18 часот во Културниот центар Лабораториум ќе де одржи промоција на „Глувчето што сакаше да чита“ – прва сликовница од Едицијата Библиотерапевтски приказни на Христина Стефановска.
Во дел од својата рецензија за оваа поучна приказна, проф д-р Весна Мојсова Чепишевска ќе напише:
„Во светот одамна се практикува т.н. библиотерапија или терапија со приказни. Овој метод го применува и психологот Христина Стефановска. Имено, самата нејзина приказна „Глувчето што сакаше да чита“ немилосрдно го соочува детето (преку глувчето) со грубата стварност и отворено говори занеколку проблеми кои се јавуваат во рамките на семејството и општеството, како: отфрлено дете, дете кое е дежурно виновно скоро за сѐ, дете кое е неприфатено, омаловажено, исмеано од своите другарчиња, дете кое добива етикета дека за ништо не го бива, зашто, едноставно е дете кое отскокнува од својата средина, зашто е препаметно, преначитано, зашто во неговото главче освен игрите претрчуваат и илјадници бројки, илјадници букви, илјадници формули и слики. А приказните треба да остават силен впечаток врз децата, атие со воодушевување да преземаат одредени модели на однесување и идеи за разрешување на одредени проблеми.
Илустраторката Тања Тас е е дипломиран сликар, вокалист, текстописец, артист, илустратор, графички дизајнер. Зад себе има повеќе изложби, концерти, голем број на музички изданија, соработки со македонски музичари.
„Глувчето Зизи од приказната на Христина Стефановска заигра во моите мисли па од нив рипна на белата хартија. Ми го исполни срцето со силни емоции… од тага на почетокот до радост и задоволство на крајот кога тоа ја најде својата среќа, му даде смисол на својот живот. Илустрирањето на оваа приказна ми беше прекрасно патување на кое со радост ќе се навраќам“ – вели Тања
Промотор на сликовницата е проф д-р Весна Мојсова Чепишевска.