Search

Промоција на Еразмус+ проект во Europe House Скопје

Во Europe House Скопје денеска во 14 часот ЦЕФЕ Македонија ќе одржи промоција на себенасочено учење и како тој начин на учење да допре до младите кои не се дел од образованиот процес и не се вработени. Проектот е дел од програмата Еразмус+ и е во партнерство со Естонија, Турција, Малта и Македонија.

Презентери се Валентина Тодороска, Елена Гагачева и Борјан Исајловски, ментори и обучувачи во ЦЕФЕ Македонија. Промоцијата е наменета за претставници од граѓански здруженија и ентузијасти (едукатори, ментори, проектни менаџери, обучувачи) кои работат со млади на возраст од 18 до 30 години и млади кои сакаат да се здобијат и да научат вештини кои ќе можат да ги користат во секојдневниот живот.Заинтересирани трева да се пријават на линкот.

Најново

Последни колумни