Промоција на „Единствен матичен број“ во Кавадарци

Во организација на домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци вечерва, во 20 часот, на градскиот плоштад во Кавадарци, концерт со наслов „Фатени за раце го менуваме светот“ ќе одржат членовите на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, кој работи при домот на културата во Кавадарци, и учениците од посебната паралелка при ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.


Утревечер, во 20 часот, во галеријата при домот на културата во Кавадарци ќе се одржи промоција на „Романот на годината за 2023“, чиј добитник е една од најпознатите македонски писателки Лидија Димковска. За романот и наградата ќе зборуваат познатиот македонски новинар Звездан Георгиевски, како претставник на фондацијата „Славко Јаневски“, која ја доделува наградата, промоторката Виолета Танчева Златева и, секако, авторката на наградениот роман „Единствен матичен број“, Лидија Димковска. Наградата е доделена по 25 пат, а во Кавадарци се случува промоција по петти пат, традиционално како прв град по Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни