Кафе-книжарницата „Илика“

Промоција на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно

Во сабота на 1 јуни, во 19 часот, во кафе-книжарницата „Илика“ е најавена промоција на романот „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, добитничката на Нобеловата награда за литература за 2022 год. За книгата ќе разговараат д-р Ирина Талевска и д-р Елисавета Поповска, која е и преведувачка на делото. Разговорот ќе го модерира уредникот на изданието, Ведран Диздаревиќ.

Романот „Девојчински спомени“ е прв превод на Ани Ерно на македонски јазик. Во оваа книга авторката, во својот специфичен манир, се навраќа кон лавиринтите на своето минато, овој пат на летото 1958 г. и на доживувањата во едно летно одморалиште. Младата Ани се заљубува во Х. и го има своето прво сексуално искуство по кое следи неочекуван шок: потсмевот од другите, игнорирањето од саканиот, сопствениот срам. Повеќе од 55 години ѝ се потребни на авторката да му се спротивстави на ова сеќавање на срамот создавајќи хибридно дело на (авто)фикција, мемоарски запис и документарна проза што е типично обележје на нејзиното целокупно творештво. „Девојчински спомени“ е и многу повеќе од обид за книжевно осмислување и обликување на историјата – тоа е и прекрасна контемплација за страста, сеќавањето, срамот, времето и идентитетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни