Промоцијата на втората поетска збирка од Моника Стојановска „На крајот сѐ ќе биде како што треба“ во издание на издавачката куќа Полица, ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 7. ноември, четврток, со почеток во 19:30 часот.
„Во нејзиниот нов поетски ракопис, со нејзината веќе препознатлива поетика, Стојановска постигнува уште повисоко естетско рамниште. Во однос на квалитетот на творечкиот резултат, таа очигледно не е во натпревар со другите, туку самата со себе. Во оваа поетска книга се издвојуваат исклучителни песни, меѓу кои за некои и без задршка може да се констатира дека се антологиски, дури и во контекст на најновите тенденции и вредности во македонскиот стих на XXI век“ – Извадок од рецензијата на Иван Антоновски за ракописот „На крајот сѐ ќе биде како што треба.“
Промоторка на збирката ќе биде Катарина Величковска.