Промоција на втората збирка раскази од Наде Ќосеска „Животен калеидоскоп“

Ќосеска има лесно разбирлив тек на речениците во кои доминираат описите, но и редица стилски фигури кои сами за себе говорат за нејзиниот раскошен талент

Утре во 12.30 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана втората збирка раскази од Наде Ќосеска со наслов „Животен калеидоскоп“.

Ќосеска има лесно разбирлив тек на речениците во кои доминираат описите, но и редица стилски фигури кои сами за себе говорат за нејзиниот раскошен талент.

Нејзините нови раскази се нови животни приказни, истовремено едноставни и комплексни и бараат уште еднаш во себеси да ги преработите и да ги откриете скриените пораки меѓу зборовите. Кога ќе ги читате расказите напишани со вешт нараторски набој ќе ги препознаете и местата на случувањата.Доминираат Езерото и Охрид.

Промоцијата ќе ја отвори директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде Томе Скендероски, извадоци од расказите ќе чита Јелена Јованоска.Вообичаено публиката ќе има можност да го слушне и обраќањето на авторката Наде Ќосеска.

Најново

Последни колумни