Промоција на песна и спот на актерката Александра Павлова – Бубања и „Пука Козметика“

Вечерва со почеток од 20 часот во „Драмски бар“ ќе се одржи промоција на првата песна и спот на актерката на Драмски Театар, Александра Павлова-Бубања.

Нумерата “Апсолутно Релативно” и спотот се направени во соработка со групата „Пука Козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а текстот на Александра Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.

Видео материјалите и спотот се на „Октомври филм“, а пост-продукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт Продукција“.

             Милениците на младата публиката „Пука Козметика“ и актерката Александра Павлова – Бубања ве покануваат да дојдете на промоцијата и заедно да ја „размрдаме реалноста“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни