Промоција на нови дизајнери во Лаб дизајн маркет

Во сабота на 8 јуни од 12 до 18 часот во Лабораториум ќе има уште една промоцијата новите дизајнери кои се придружуваат на оваа заедница.

Меѓу четирите нови учесници е Мус бренд зад кој стои Сандра Георгиева, препознатлив по рачната изработка на бебешки мокасини од кожа. Направени се по холандски шнитови за најмалите од 0 до 2 годишна возраст.

Дана Андо е бренд на архитект Даниела Хаџиќ која за прв пат ја претставува „Артифициелната шума“ – колекција на рачно изработени масички од разни видови дрво.

Челичните и алуминиумските парчиња накит од брендот Solar Creations на Јоланда Попоска се исплетени во прастарата техника наречена оклоп (chainmail). Станува збор за поврзување на метални алки во различни плетки создавајќи еден вид на мрежа од која се изработувале витешки кошули и оклопи и која се смета дека потекнува уште од 3 и 4 век пред нашата ера.

Последната во оваа грпа е Маја Танева која создава линеарни скулптури од челични јажиња со кои го остава својот печат на уникатност на нашата сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни