Во понеделник, на 05.05.2025, со почеток во 21 часот, во Лабораториум ќе промоција на новата, деветнаесетта по ред, книга на Јовица Ивановски со наслов Скапо е сонцето.
Книгата ќе ја промовира проф. др. Лидија Капушевска-Дракулевска, а песни ќе чита поетот Андреј Ал-Асади.
Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на деветнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).