Поглед во минатото што ја дизајнира иднината

Промоција на новата капсулна колекција на „Капка“

Во четврток на 27 јуни во 18:00 часот во Лабораториум, ќе се одржи промоцијата на новата капсулна колекција „РЕфлексии“ на „Капка“.

„Прегрнете ја топлината, радоста и живоста на летото и обојте ги со новата капсулна колекција „РЕфлексии“ на „Капка“. Капсулната колекција „РЕфлексии“ има повеќекратни значења: врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични.
Дефинирајте го вашиот стил со уникатните парчиња и креативната комбинација на материјали и создајте сопствена летна приказна“ велат организаторите во најавата за настанот.

Оваа промоција е дел од кампањата за поддршка на локалнite дизајнери и занаетчии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни