Во петок на 10- ти мај во 19 часот во Europe House Струга, ќе се одржи промоција на најновата книга на авторот Јордан Коцевски „Тајни“, продолжение на неговиот роман „Тегли“, во издание на „Антолог“.
„Тајни“ се случува три години по настаните од „Тегли“ и во центарот на вниманието е приказната на инспекторот Саше Левески, неговото минато и причините поради кои во „Тегли“ ја носи морално сомнителната одлука да ја спаси Розе. Но, „Тајни“ нема да е продолжение на „Тегли“ ако во целата приказна не се вмеша Златко за да му ја олесни одлуката.