Промоција на книгата „ПРВ изЛЕТ“ од Мартин Стрезоски

На промоцијата рецензентите проф. д-р Венко Андоновски и проф. д-р Атанас Чупоски, изнесоа свои согледувања и впечатоци за драмските текстови

На 21 септември 2025 година во „Бистро Комедија“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „ПРВ изЛЕТ“ од авторот Мартин Стрезоски, во издание на издавачката куќа ПОЛИЦА. Настанот го проследи бројна публика, пред се’ љубители на драмската уметност.

Книгата е збирка од пет драми (Таксистот, Костими, Вечера за тројца, Средба, Завршни зборови) и неколку кратки текстови во категоријата „Драми за лична употреба“.

На промоцијата рецензентите проф. д-р Венко Андоновски и проф. д-р Атанас Чупоски, изнесоа свои согледувања и впечатоци за драмските текстови .

Авторот зборуваше за процесот на пишување, инспирацијата и личните искуства кои ја обликуваат неговата поврзаност со драмата. Драмите се социјално ангажирани и нудат интимно, индивидуално доживување за секој читател. Исто така го престави звучниот ефект (аудио информациите) за секоја од драмите, и нагласи дека сензибилитетот како и правецот на развивање на секој од драмските текстови читателот ќе може да го насети преку аудио информациите како и  самиот опис на ликовите.

Книгата е достапна во продажните места на издавачката куќа ПОЛИЦА, како и за онлајн нарачка на нивната веб страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни