Промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ од Бранка Костиќ Марковиќ и Марко Коловски

Kнигата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“, посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, подготвeнa од музиколозите Бранка Костиќ Марковиќ и Марко Коловски, ќе биде промовирана в сабота (3 февруари) во 12 часот во срцето на Дебар Мааlo.

Како што вели авторката, Бранка Костиќ Марковиќ, изданието претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот, а во соработка со авторот на нотографиите, музикологот Марко Коловски, а текстуално и контекстуално книгата ја вообличи Бранка Костиќ Марковиќ, која во воведниот дел се осврнува на детското творештво и на професионалната биографија на маестро Џамбазов.
Уредник на изданието е Бранка Бугариска, музички редактор Младен Марковиќ, а покрај графичкиот и уредничкиот влог на Арс Ламина и Поинтер, свој придонес даде и Министерството за култура, кое го одобри и финасиски го поддржа печатењето на публикацијата, како дел од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес.
Присутните ќе можат да посведочат на откривање на мурал со ликот на Александар Џамбазов и неговите славејчиња, во срцето на Дебар Маало, но и да проследат музичка програма која ќе ја изведат дел од поранешните „Златни славејчиња“ и „Развигорчиња“ под диригентство на Запро Запров, а во пијано придружба на врвната Марија Ѓошевска (и самата поранешно „славејче“).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни