„Анатомија на небото” од писателот Борче Панов е седумнаесетта по ред поетска книга. Поетската книга „Анатомија на небото” содржи рефлексивна поезија за човекот и божествената креација. Во таа взаемна хуманистичко-деистичка врска се остваруваат сите реализации на индивидуализираното Јас, кое е врзано како со папочна врвка со колективната свест, а неа колку што ја наследуваме толку и самите несвесно си ја спечалуваме во текот на нашите животи.
Борче Панов е роден во Радовиш. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), како и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведувана на англиски, германски, кинески, арапски, виетнамски и други. Застапен е во над 50 антологии и избори на поезија во светот.