Од понеделник (6 април 2026) Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, што ќе донесе вистински пролетни услови. Времето ќе биде претежно сончево, стабилно и без врнежи.
Во текот на следната седмица дневните температури на многу места ќе надминат 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни делови ќе достигнат и до 25°C.
Според моменталните прогнози, ваквото стабилно и топло време ќе се задржи во поголем дел од неделата, а нова промена со врнежи и пад на температурите се очекува кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд.