Пролетното издание Ecoscop на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи на 22 април.
Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, на 22 април ќе има прилика на бесплатна проекција да го погледне филмот TerraForma. Кај нас проекцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, а потоа ќе се одржи панел дискусија со експертот по екологија Ханес Јекл и Ѓорѓи Митревски, координатор на програмата за заштита на реките во „Еко-свест“.