По краткотрајната промена на времето и врнежите, Македонија веќе од петок и сабота (6 и 7 март) повторно влегува во период на стабилно и суво пролетно време со многу сончеви период.
Според прогнозите, дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека во Скопје и околината се очекува да достигнат околу 17 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а во сабота ветерот ќе биде претежно од југоисточен правец.
И покрај сончевите денови, утрата ќе останат релативно студени. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а во Скопје температурата во раните утрински часови ќе се спушта до околу нула степени.