Пет пролетни намирници богати со растителни влакна за подобро здравје

Пролетта носи свежа храна богата со влакна, витамини и антиоксиданси. Овие намирници не само што го подобруваат варењето, туку и го зајакнуваат имунитетот и помагаат организмот полесно да се врати во баланс.

Со доаѓањето на пролетта, изборот на свежи намирници значително се зголемува, а токму тие се клучни за подобро варење и целокупно здравје. Сезонската храна е богата со влакна, витамини и антиоксиданси, кои му помагаат на организмот полесно да функционира и да се заштити од болести. 

Меѓу најкорисните пролетни намирници се:

  • Шпаргли – вистински пролетен класик, богати со витамини К, Ц и фолна киселина. Тие помагаат за здрави коски, подобро варење и имаат антиоксидативно дејство што го намалува воспалението. 
  • Ротквици – содржат витамин Ц, калиум и влакна, кои го подобруваат варењето и го зајакнуваат имунитетот. Исто така помагаат против надуеност и придонесуваат за подобра циркулација. 
  • Млад морков – богата со витамин А, важен за видот и кожата, како и влакна што го регулираат варењето. Дополнително, антиоксидансите во морковот го намалуваат воспалението во телото. 
  • Млад компир – полесен за варење од стариот компир, со помалку скроб и повеќе витамин Ц и калиум. Добар е за срцето и дава енергија без да го оптоварува организмот. 
  • Јагоди – типично пролетно овошје богато со витамин Ц, влакна и антиоксиданси. Тие го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат воспалението и се одлични за одржување на здрава телесна тежина. 

Овие намирници лесно можат да се вклучат во секојдневната исхрана – во салати, супи или како лесни оброци. Редовното консумирање не само што ќе го подобри варењето, туку и ќе придонесе за повеќе енергија и подобро општо здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни