Пролетен аларм за косата: Зошто опаѓа повеќе и како природно да го спречите губењето на влакна

Пролетното опаѓање на косата е природен процес, но може да се ублажи со правилна исхрана, нега на скалпот и промена на навиките.

Доаѓањето на пролетта многумина го дочекуваат со насмевка, но организмот често реагира на промени кои не се веднаш видливи. Една од најчестите појави во овој период е зголемено опаѓање на косата, што може да изгледа загрижувачки, но всушност претставува природен процес.

Во текот на зимата телото се успорува, а косата влегува во фаза на мирување. Со првите потопли денови доаѓа до „ресетирање“, при што започнува забрзано опаѓање на влакната кои веќе биле подготвени да испаднат.

Иако овој процес е нормален, постојат начини да се ублажи и да се спречи прекумерно губење на косата. Најважна ставка е исхраната. Косата директно зависи од внесот на витамини и минерали, особено железо, цинк и биотин. Во исхраната се препорачува да се вклучи повеќе зелено зеленчук, јаткасти плодови, јајца и риба, бидејќи убавината доаѓа одвнатре.

Покрај исхраната, клучна улога има и негата на скалпот. Масажата на темето ја поттикнува циркулацијата и го зајакнува коренот на влакното. Природни масла како рицинусово или кокосово масло можат да помогнат, а неколку минути дневна масажа може да направи голема разлика и да поттикне раст на нова, појака коса.

Важно е и да се обрне внимание на производите што се користат. Агресивните шампони, честото фенување и термичките третмани дополнително ја ослабуваат косата, особено во овој чувствителен период. Пожелно е користење благи формули без сулфати и намалување на употребата на пегли и фигаро.

Стресот исто така има големо влијание врз здравјето на косата. Промената на годишното време често носи и промени во животниот ритам, па затоа е важно да се најде баланс. Доволен сон, физичка активност и време за себе не се луксуз, туку неопходност за здрав организам и здрава коса.

Пролетта е време на промени, но со правилни навики вашата коса може да изгледа поздраво и поубаво од било кога.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни