Производителот на виски бурбонот „Џим Бим“ објави дека во текот на наредна година ќе го стопира производството во својата главна дестилерија во Кентаки.
Тие посочија дека дистилеријата ќе остане затворена додека компанијата инвестира во подобрувања на објектите.
„Постојано ги оценуваме нивоата на производство за најдобро да ги задоволиме барањата на потрошувачите и неодамна се сретнавме со нашиот тим за да разговараме за обемот за 2026 година“.
Дистилеријата во Кентаки, позната по својот бурбон, се соочува со неизвесност, делумно поради трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

Компанијата „Џим Бим“ е во сопственост на јапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“, која во Кентаки вработува повеќе од 1.000 луѓе. Раководството соопшти дека следнатна година останатите објекти во државата, вклучувајќи ги самостојната дестилерија и оние за флаширање и складирање, ќе продолжат да работат. Центарот за посетители во Кентаки, исто така, ќе остане отворен.
Од „Џим Бим“ изјавија дека размислуваат како да ја користат својата работна сила за време на прекинот на производството и дека е во преговори со својот синдикат.
Во октомври, Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA), трговска организација, објави дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекорд од повеќе од 16 милиони барели.
Американските дестилерии се соочија со одмазднички даноци за увоз на нивната стока откако Трамп воведе царини за повеќето земји низ светот во април.
Трговските тензии меѓу САД и Канада, исто така, влијаеја на продажбата на алкохол, при што повеќето канадски провинции ги бојкотираат американските жестоки пијалоци претходно оваа година.