Прогласена вонредна состојба во Чучер Сандево поради пожарите

Општината Чучер Сандево денес прогласи вонредна состојба, откако веќе два дена траат пожари кои зафатија пошироко подрачје меѓу селата Блаце, Чучер Сандево и Кучевиште.

Според градоначалникот Сашко Комненовиќ, ситуацијата на терен е сè уште сериозна и носи потенцијална опасност за жителите и природната средина. „Се соочуваме со пожар кој гори на исклучително непристапен терен, во густа мешана шума. Силниот ветер дополнително го комплицира гаснењето“, изјави Комненовиќ.

Тој апелираше до надлежните институции за побрза и поефикасна реакција, посочувајќи дека досега ангажманот не е на потребното ниво. „Загрижен сум од бавната реакција. Во вакви ситуации, секоја минута е пресудна. Владата неодамна најави нова механизација, вклучително и хермелини за вакви интервенции – но на терен досега е виден само еден“, додаде тој.

Локалните власти остануваат мобилизирани и ги користат сите достапни капацитети за справување со пожарот, но поддршката од централно ниво, како што велат, е неопходна и итна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни